Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Се согласивме дека техничката влада треба да замине во минатото

Мицкоски: Се согласивме дека техничката влада треба да замине во минатото

Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката влада треба да замине во минатото. 

„Имаше сугестија од еден од присутните да се направи консултација со меѓународната заедница. Но, генерално сите се согласивме дека техничката влада треба да замине во минатото. Мислам дека треба да покажеме одговорност дека сами можеме да носиме зрели одлуки. За мене ова е зрела одлука. Сепак не е мој личен карактер, ниту начин на размислувања тоа да не биде консензуално во рамките на пратеничките групи одлука којашто ќе се донесе. Денеска видовте дека една коалиција отсуствуваше. Доколку таа коалиција не го прифати ова носење на измени во Законот за Влада со што би се избришала техничката влада за следните парламентарни избори. Тој закон се менува со просто мнозинство во парламентот, со 61 глас „за“. Сепак мојот предлог беше да не го правиме тоа на сила, без нивна согласност туку да донесеме измени на Законот, по следните избори тогаш да не важи техничката влада. Ако толку тие инсистираат да важи за овие избори техничката влада, еве измените да не ги опфатат следните парламентарните избори, туку тие што ќе следат по тоа“, вели Мицкоски.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев вели дека е договорено начелно до крајот на пролетта, некаде во јуни, да се донесе нов Изборен законик. 

Се дискутирало за модалитети за една изборна единица, со или без изборен цензус, со отворени или затворени листи. Комуникацијата ќе продолжи на ниво на координатори на пратенички групи во Собранието, со некој од министрите во Владата. 

Во однос на законот за техничката влада, ставот на ЗНАМ е јасен, таа треба да биде укината. 

СДСМ не учествуваше на лидерската средба. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести