Мицкоски се смири со Јанчев
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, го одбележаа заедно јубилејниот роденден од формирањето на Општинскиот комитет на најголемата опозициска партија во овој град.
Двајцата заедно присуствуваа на партиски настан со кавадарчани, иако претходно имаа меѓусебни недоразбирања а поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во меѓувреме ја загуби партиската функција.
На една од фотографиите кои ги објави Мицкоски во првиот ред со него е и Јанчев, а напиша и дека е потребно обединување пред локалните избори.
„Вечерва на одбележување на јубилеен роденден од формирањето на Општинскиот Комитет Кавадарци. Говорев за потребата од обединување против злото, за иднината и потребата да се бориме за промени. Не се сите исти, и не смееме да дозволиме да се задоволиме со просечни или потпросечни работи. Способни сме за големи чекори напред, имаме план, визија и сигурни политики кои ќе ја донесат, гарантираат и обезбедат“,напиша Мицкоски.
