Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски се пожали дека Кекеновски го претркал

Мицкоски се пожали дека Кекеновски го претркал

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска пред медиумите окри дека Јове Кекеновски од партиската фракција го претркал во поднесувањето на Иницијатива за оценување на Уставноста на Законот за јазици до Уставниот суд, инаку во спротивно, неговата партија би го направила истото.

- Во целокупната процедура има многу недостатоци. Има многу дивјаштво, многу насилство, и сето она кое што се случуваше навистина не прилега на една демократска земја која што се стреми, планира да биде утре дел од европското семејство. Она што ние како политичка партија го кажавме ние тоа и го реализиравме во текот на вчерашниот ден. Поднесовме кривични пријави против луѓето кои што се соучесници во ова злодело и насилство врз основа на Уставот и законите, и парламентарните процедури. За жал, ете се случи да предвреме господинот Кекеновски да поднесе практично претставка во Уставниот суд за оценка на уставноста за Законот за јазиците. Доколку се суди согласно правото во оваа држава овој закон треба да биде отстранет, одговори Мицкоски.

Универзитетскиот професор Кекеновски вчера до Уставниот суд ја поднесе иницијативта, откако Законот за јазиците кој беше објавен во Службен весник во понеделникот на 14 јануари 2019 година со потпис на собранискиот спикер Талат Џафери.

- Една година откако е донесен Законот за јазици поттикнува лавина реакции и на опозицијата и на експертската јавност кои сметаат дека овој закон за двојазичност е противуставен и неприменлив и ќе создаде дополнителни поделби во македонското општество по сите основи, вели тој.

Според него при носењето на законот, биле прекршени деловничките процедури и дека претседателот Ѓорге Иванов со право не го потпиша указот за стапување во сила на Законот за јазици во јануари лани кога беше донесен, а ниту во март кога повторно беше вратен и изгласан во Собранието.

Со Законот за јазици покрај македонскиот јазик во институциите службен јазик станува и албанскиот јазик, а ќе се применува во сите постапки на граѓаните пред  органите што ја сочинуваат државната власт. Судовите, јавните обвинителства и сите други органи, тела и институции ќе треба да обезбедат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки. 



Слично

Поврзани вести