Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ СЕ ПОФАЛИ СО ПОРАСТ НА ТУРЗИМОТ: Нашата Македонија е преубава

МИЦКОСКИ СЕ ПОФАЛИ СО ПОРАСТ НА ТУРЗИМОТ: Нашата Македонија е преубава

Премиерот Христијан Мицкоски објавувајќи ги податоците од Државниот завод за статистика(ДЗС) вели дека годинава Македонија бележи голем скок во бројот на туристи.

Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за 13,5 отсто споредено со истиот период 2024 година. 

Бројот на странските туристи е поголем за 19,7 отсто во 2025 година споредено со истиот период 2024 година. 

„Бројот на домашните туристи е помал за 2,5 отсто споредено со истиот период 2024 година. Во истиот период од 2025 година имаме за 8,5 отсто повеќе реализирани ноќевања споредено со првата половина од 2024 година. Нашата Македонија е преубава, ако бројот на странските туристи се зголемува со ниво од 20 отсто годишно и наоѓаат причина да ги посетат македонските градови и села, македонските езера и планини, да уживаат во прекрасната македонска традиционална кујна и вина, тогаш тоа е доволна причина сите ние заедно да уживаме во убавините на Македонија“, вели Мицкоски.

Најчести гости во Македонија се Турците.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести