Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски се откажа од испраќањето на писмото: Се е разговарано со лидерите на ЕУ

Мицкоски се откажа од испраќањето на писмото: Се е разговарано со лидерите на ЕУ

Премиерот Христијан Мицјкоски денеска пред медиумите рече дека се што требало да пишува во писмото кое што имал намера да го испрати до Брисел веќе го разговар со лидерите на ЕУ, вклучително и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која пред два дена беше во Скопје.

- Мислам дека сето тоа би било беспредметно. Затоа често пати велам да му дадеме време на времето. Ова е сепак процес во кој ние имаме наши позиции. Се обидуваме помалку или повеќе да ги вратиме оние позиции кои што се загубени, рече Мицкоски.

Тој додаде дека неговиот став и ставот на владата е добропознат по условот за уставните измени и дека од тој нема да има, како што рече, ниту милиметар отстапување.

Мицкоски планираше до ЕУ да испрати писмо со кое имаше намера да ги потенцира нерационалните билатерални условувања од Бугарија на патот на евроинтеграциите и да предложи одложено дејство на уставните измени кои би се активирале штом Македонија стане земја-членка на Унијата.

Слично

Поврзани вести