Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКOСКИ: Се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија

МИЦКOСКИ: Се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија

Според премиерот Христијан Мицкоски, поранешни функционери со милиони евра се обидуваат етнички да ја дестабилизираат државата. 

„Имаме индиции за елементи, кои што располагаат со огромни милионски суми на пари, дел од нив се високи функционери во поранешни влади и кои што се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, во најголем дел да манипулираат и она што мене особено ме загрижува е тоа што се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија. Тоа е она кое што најмногу ме вознемирува бидејќи сфаќаат дека на друг начин тие не може да мобилизираат луѓе и сега единствениот начин е да испровоцираат ваков тип на конфликт. Тоа нема да го дозволиме“, вели Мицкоски. 

Од ДУИ пак, во соопштение за средба меѓу лидерот Али Ахмети и евроамбасадорот Дејвид Гир обинуваат дека обивидите за дестабилизација се владини.

 „Ахмети зборуваше и за тенденциозните предупредувања на премиерот Мицкоски за дестабилизација, истакнувајќи загриженост за можно намерно владино инсценирање преку обвинувања на други со цел да се дефокусира јавноста од потфрлувањата на власта. ДУИ е посветена на стабилноста, безбедноста, мирот, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи како и европската интеграција и отфрла секакви монтирани политички владини обиди за дестабилизација“, се вели во соопштението на ДУИ. 

За претседателот на СДСМ, Венко Филипче ваквите најави од Мицкоски се само начин за дефокусирање од проблемите. 

Слично

Поврзани вести