Мицкоски: СДСМ го вклучи Пендаровски во кампања како главен трачер
Како што наведе Мицкоски, СДСМ се толку исплашени од поразот што им следи што во кампања го вклучиле и главниот трачер во друштвото, Стево Пендаровски“.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ осврнувајќи се обраќање на Пендаровски вчера, сугерираше дека тој знаел за аферата со прислушувањето, односно дека Мицкоски и членови на неговото семејство биле следени додека тој бил во опозиција.
„Од вчера го вклучија и поранешниот претседател и главниот трачер во друштвото Стево Пендаровски, кој пак кутриот на јавна сцена призна дека следел и знаел за прислушувањето. Тој во настапот го опиша во детали пола мој работен ден, работи кои не се кажани никаде и кој може да ги знае само човек кој добивал извештаи за следење и притоа сакајќи да вметне некаков црв на сомнеж фрла светло дека луѓе блиски до мене ме кодошеле. И ме повикува јавно да сум кажел кои се тие луѓе. Јас не знам кој се тие луѓе и дали постојат, но знам дека во држава со сериозно обвинителство каде што владее законот тоа сериозно обвинителство треба уште утре Стево Пендаровски да го повика и да даде изјава пред обвинител за ова кривично дело кое јавно го призна и би се водела постапка за неовластено следење на политичките конкуренти“,рече Мицкоски.
