Мицкоски: СДСМ да пријави во Обвинителството за „Дигитал Оне“
Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на МТВ го повика СДСМ да го пријави во Обвинителство случајот со Дигитал Оне, фирма основана минатата година а која со двајца вработени доби тендер од Владата за софтверски лиценци во рамковен договор од 8 милиони евра.
- СДСМ да достави докази до Обвинителството, нивните инсталации кои се уште постојат во Обвинителството може да реагираат, а ние како Влада им стоиме на располагање, рече Мицкоски.
Тој побара извинување од СДСМ и додаде дека по прес-конференцијата на партијата се распрашал за тендерот.
- Јас не сум запоознаен со тој счучај, не ги следам јавните набавки, не ме интересираат за да ги следам, немам браќа бизнисмени. Нормално, по пресот се запрашав и се заинтересирав и апсолутно добив одговор дека се е по Закон и не гледам никаква незаконитост. Имало случаи и кога компании добивале тендерски постапки без вработени, рече премиерот.
