Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: СДСМ да го повика Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата

Мицкоски: СДСМ да го повика Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на настанот на промоција на 100 нови возила за АД Пошта рече дека ситуацијата останува иста во Македонија за поранешниот премиер Никола Груевски, по победата на опозицијата во Унгарија, и дека останува на истата изјава која ја дал вчера.

Во тој контекст, Мицкоски му порача на СДСМ да упати апел до поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, да се врати во земјата, по побегството на крајот на 2024 пред обвинението за малверзации со јавна набавка за адитиви за термоелектраните.

- Она кое што загрижува е фактот што од опозицијата се уште не ја научија лекцијата и се уште живеат во оној свој паралелен свет, па никако не можете да слушнете, да речеме, да го повикаат Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата.

Затоа се чудам зошто на нивните прес-конференции, доколку сакаат да бидат алтернатива на оваа влада, не можете да го слушнете името на Васко Ковачевски и да го повикаат да се врати и да се соочи со правдата, рече Мицкоски.

Во моментов полицијата, барем јавно, нема објавено каде би можел да се крие поранешниот прв човек на ЕСМ.

Слично

Поврзани вести