Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Сакаат да го продадат Гоце за да можат да си поделат уште некоја лиценца за марихуана

Мицкоски: Сакаат да го продадат Гоце за да можат да си поделат уште некоја лиценца за марихуана

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на протестот посветен на националниот херој Гоце Делчев изјави дека Делчев е црвената линија на нашето достоинство. 

Вели дека патриотизмот не е демоде политика. Порача дека македонизмот не е ништо помалку важен од европеизмот. 

Рече дека ЕУ значи почитување на различноста, а нашата иднина е во ЕУ. 

„Денес сме тука и за ЕУ, и за Гоце Делчев. Народот е најважен, затоа што народот е државата. Не смееме да дозволиме да станеме територија без држава“, кажа Мицкоски. 

Вели дека СДСМ предводена од Зоран Заев не е за ЕУ. Наведе дека таму нема рекет, нема пропаѓање на банки, и осиромашување на народот.

„Сакаат да го продадат Гоце за да можат да си поделат уште некоја лиценца за марихуана“, додаде Мицкоски.  

Рече дека Заев не е иднина, туку закана за иднината на Македонија во ЕУ. 

„Делчев обединувал, а Заев разединува. Изборот е или СДСМ или вистината, или Македонија или мафија“, изјави Мицкоски. 

Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ порача дека само масовно ако излеземе на улици ќе покажеме дека тука живее чесен македонски народ, кој зборува македонски. 

Ова е трет протест на ВМРО-ДПМНЕ, а партијата најави жешка есен. Претходно, имаше два протести против поскапувањето на струја. 

Слично

Поврзани вести