„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти
Опозициската СДСМ вели дека Британската амбасада преку соопштението потврдила да соработува со македонската влада за справување со нелегалната миграција.
„Изгореа лагите од кујната на ВМРО-ДПМНЕ.ДПМНЕ вчера ги нараче „фантазија на СДСМ“ пишувањата на британски медиуми дека има соработка меѓу македонската и британската влада за прифаќање мигранти . Дури рекоа дека сме биле подготвени да измислиме „колонизација на марсовци во Македонија“. Еве денеска, Британската амбасада потврди дека соработува со македонската влада за справување со нелегалната миграција. Кој сега лаже? ВМРО-ДПМНЕ, како и секогаш. А кој лаже тој и краде! А тоа особени се гледа овие денови“, велат од СДСМ.
Според нив, премиерот Христијан Мицкоски сака да ја направи Македонија „депонија за мигранти“.
„Очигледно лажниот патриот Мицкоски, кој се колнеше дека „шанса нема“ да има кампови, преговара да ја направи Македонија депонија за мигранти. Додека на големо го крадат народот преку милионски тендери на нивни фирми ова е ново предавство на Мицкоски и неговата власт. Ајде да видиме што сега ќе измисли ВМРО-ДПМНЕ. Што ќе зготви следно нивната кујна за лаги“, реагираат од СДСМ.
