Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Реформската агенда исполнета, вечерва ќе одам на Пиво Фест

Мицкоски: Реформската агенда исполнета, вечерва ќе одам на Пиво Фест

Премиерот Христијан Мицкоски по средбата со членовите на Владата објави дека на 15 јули до Европската Унија бил доставен документ за целосно исполнети и означени обврски од реформската агенда, како и тоа дека вечер ќе биде присутен на Пиво Фест во Прилеп.

„Уверен сум дека во динамиката на реализацијата ќе бидеме далеку пред многу други, и покрај обидите процесот да биде забавен преку блокирањето на Изборниот законик. Нашата определба останува непроменета, реформите ќе продолжат, затоа што тие се во интерес на државата, институциите и граѓаните.

Воедно попладнево ќе присуствувам на одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, а вечерва ќе бидам дел од атмосферата на Пиво Фест во Прилеп, каде ќе имам можност да се сретнам и да разговарам со голем број граѓани“, објави Мицкоски на социјалните мрежи.
Инаку дел од реформската агенда беа и измените на Изборниот законик кој ги побара ЕУ, но не дојде до консензус помеѓу опозицијата и власта, која прифати една изборна единица но со можност за електронско гласање на дијаспората, што беше неприфатливо за другата страна.

Слично

Поврзани вести