Мицкоски: Размислуваме за проект „Кочани 2030“
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција на новинарско прашање за условите за лекување во болницата во Кочани рече декас владата со поддршка од Европската комисија размислува за проект за помош за реконструкција на витални објекти во градот под можно име „Кочани 2030“.
„Во разговори со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, разговаравме за можноста да имаме заедничка акција, да направиме јасен план за Кочани, да се вика можеби „Кочани 2030“ со голема сума на пари за кочанската болница, спортски сали, училишта, паркови, инфраструктура, патна мрежа итн“, рече Мицкоски.
Конкретно за состојбата со кочанската болница каде што селекуваат повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, премиерот рече дека „не можеза 11 месеци да се реновира се што е претходно уништено“.
Мицкоски додаде дека на вчерашната владина седница била донесена одлука да се покрие финансиски трошокот за авионски транспорт на едно повредено лице од пожарот што треба да се врати од лекување од Австрија.
