Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски распали скара, вели семејството му ги полни батериите

Мицкоски распали скара, вели семејството му ги полни батериите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук објави фотографија како подготвува скара. 

Мицкоски вели дека времето поминато со семејството му ги полни батериите.

„Од Сирна недела, па Прочка, сѐ до Христовото Воскресение, пост за мир во душата, Бог да помага секому. За Велигден или 1 Мај јас сум задолжен за скарата. Во ова динамично и турбултентно време, времето поминато со семејството ги полни батериите за предизвиците што следат. Христос воскресна! Имајте радосни и среќни моменти каде и да се наоѓате“, напиша Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук.

Верниците денеска го слават Велигден. По тој повод политичарите упатија честитки, со желби за добро здравје и бериќет. 

Слично

Поврзани вести