Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Радувајте се на малите работи кои имаат големо значење

Мицкоски: Радувајте се на малите работи кои имаат големо значење

Бадниковата вечер е една од омилените традиции на македонските граѓани, токму благодарение на можноста целото семејство да се собере на трпезата и заедно да го дочекаат најголемиот христијански празник. 

Оваа традиција ја почитуваат и одбележуваат и нашите политичари, како што е случајот и со претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој на својот Фејсбук профил објави неколку фотографии од бадниковата вечера во неговиот дом. 

- Семејството е најсилниот темел зад секоја борба и секоја победа. Заеднички труд за целта во која верувате.

Мајка ми го приготви лепчето, а Рози трпезата. Татко ми задолжен за кршење на бадниковото лепче, паричето падна кај Јован, а Антониј е најрадосен. Радувајте се на малите работи кои имаат големо значење за нашите животи. Христос се роди! Навистина се роди! - напиша Мицковски на ФБ. 


Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести