Мицкоски: Прво договорив средба со Заев, па ми се јави Палмер
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО=ДПМНЕ, цо вчерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 реќе дека средбата со премиерот Зоран Заев што се одржа во понеделникот била договорена пред повикот од Метју Палмер, високиот американски дипломат одговорен за Западен Балкан.
Според изјавата повикот од Мицкоски до Заев се случил во четвртокот минатата недела а рзсговорот со Палмер дошол во петокот односно откако веќе била договорена средбата.
Разговорот на Мицкоски со Палмер следуваше во периодот на нефункционалност на Собранието, кога беше блокирано со илјадници амандмани. Мицкоски воедно откри и за какви теми зборувале со високиот американски претставник во надворешната политика.
„Со Палмер разговаравме за сите отворени прашања, зборувавме за функционирање на Парламентот, за ковид пандемијата… За блокадата на Бугарија, за пописот…“, рече Мицкоски.
Инаку вчера амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнс, имаше разговор со лидерите на опозициската коалиција Алтернатива/Алијанса - Африм Гаши и Зијадин Села.