МИЦКОСКИ: Проблемот со уставните измени не може да се реши без политичка влада во Софија
Проблемот со уставните измени не може да се реши без политичка влада во Софија, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Според премиерот Мицкоски, потребна е политичка влада во Софија, за да можат партиите да седнат и да разговараат. Мицкоски се надева за брзо решение, но вели ова е двонасочна улица.
Мицкоски ја повтори посветеноста на Владата кон европските интеграции, но истакна дека за отстранување на бугарското вето е потребно формирање на стабилна влада во Софија.
Во меѓувреме, собранискиот претседател Африм Гаши вели дека Собранието ќе има активна улога во прашањето за уставните измени, но процедурата не може да почне додека не се постигне договор.
Бугарија бара внесување на Бугарите во Уставот за да може Македонија да преговара со Европската Унија(ЕУ).
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ги закажа вонредните парламентарни избори за 27 октомври, седми во последните три години и потпиша указ за именување на нова преодна влада предложена од Димитар Главчев кој е номиниран за привремен премиер.
