Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Приведени се осум лица што го сквернавеа македонското знаме

Мицкоски: Приведени се осум лица што го сквернавеа македонското знаме

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека се приведени осум лица кои го кинеле македонското знаме синоќа за време на прославата на Денот на албанското знаме и им се заблагодари на полициските и безбедносните сили за приземноста.

- Честитам за навремената, трезвена и државничка реакција на Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје. Припадниците на МВР не дозволија ескалирање, но реагираа во насока на приведување на лица кои што го сквернавеа македонското државно знаме. Тие се веќе приведени и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија. Тие ќе бидат обвинети за дело  за кое е можна затворска казна од 1 до 5 години за предизвикување на национална нетрпеливост и непочитување на државните симболи.речеМицкоски.

Премиерот ги повика граѓаните да останат смирени при вакви провокации и да дозволат институциите да си ја завршат работата.

- Да не дозволиме овие инциденти да предизвикуваат негативна реакција, бидејќи е ова една мала изолирана група која ги штити милионите на политичките криминалци. Ако мислат дека се недоприливи и дека ова не е вистина, силно ќе се разочараат. За ова предупредувавме и имавме информации кои ќе бидат споделени како докази, но и со нашите стратешки партнери,додаде тој.

Слично

Поврзани вести