Мицкоски: Преговори треба да се случат утре, а ЕУ треба да си го исполни ветувањето
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека преговорите со Европската Унија треба да почнат веднаш.
Вели дека Македонија веќе одмна ги исполни условите за почеток на преговорите со ЕУ.
„Преговори треба да се случат утре, а ЕУ треба да си го исполни ветувањето што му го даде на овој народ дека веднаш по исполнување на критериумите, со кои Зоран Заев нè понижи како народ и нација, ќе го отпочнеме патот кон полноправно членство“, рече Мицкоски.
Вели дека целта на Заев е само да добие датум за преговори, што е различно од отпочнување преговори.Се бара решение, но Бугарија не попушта.
Слично
