МИЦКОСКИ: Предноста на Силјановска ќе биде повеќе од 100.000 гласови во однос на Пендаровски
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Сител изјави дека зад кандидатурата на Гордана Силјановска Давкова застанале неколку десетици членови на Конвенцијата, врвното раководство на партијата со тоа недвосмислено ја доби поддршката од партијата.
„Ние сме убедени дека таа ќе биде избрана како претседател на 8 мај, кога се очекува исто голема победа на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.
Тој прогнозира дека Силјановска во вториот круг најверојатно ќе се соочи со Стево Пендаровски.
„Тука би го издвоил актуелниот Претседател Стево Пендаровски и ценам дека тука треба да се бара името за вториот круг. Иако, мислам дека според сите оние анкети кои ги имаме и анализи предноста на Силјановска ќе биде повеќе од 100 илјади гласови во однос на Пендаровски најмалку 100 илјади гласа разлика во првиот круг и ценам дека тоа ќе даде сериозна порака кон гласачите како да се мобилизираат за вториот изборен круг претседателски избори, како и за парламентарните на 8 мај“, вели Мицкоски.
Очекува ВМРО-ДПМНЕ да освои помеѓу 52 до 56 пратеници на претстојните избори.