Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкoски: Предложивме план како да дојдеме до кредибилен изборен процес

Мицкoски: Предложивме план како да дојдеме до кредибилен изборен процес

По завршување на лидерската средба кај претседателот на државата, Стево Пендаровски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека најважно е здравјето на граѓаните. 

Вели дека е незрело да се размислува поинаку. 

„Предложивме план да дојдеме до кредибилен изборен процес, а при тоа граѓаните да не бидат загрозени и да не бидат изложени на Ковид 19. Предложивме план во неколку чекори“, вели тој. 

Вели дека треба да има фер избори, да има консултации со ДИК и со Комисијата за заразни болести. 

Да има контакт со ОБСЕ и ОДИХР, и откако ова ќе се случи да се зборува за датум на изборите. 

Мицкоски рече дека овој план е прифатен од повеќето и идната недела се надева дека ќе има детали. 

Додаде дека ова е нешто со што не треба да се лицитира, вели дека сакаат избори и дека ќе победат, кога и да се одржат тие. 

Слично

Поврзани вести