Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ ПРЕДЛОЖИ ЕЛЕКТРОНСКИ ПОПИС ИДНАТА ГОДИНА: Има само еден услов

МИЦКОСКИ ПРЕДЛОЖИ ЕЛЕКТРОНСКИ ПОПИС ИДНАТА ГОДИНА: Има само еден услов

Премиерот Христијан Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со една изборна единица веднаш. 

Мицкоски денеска на седницата во Собранието посветена на пратенички прашања предложи идната година да се спроведе вонреден електронски попис на населението.

Премиерот вака му одговори на пратеникот Халил Снопче од редовите на Алијанса на Албанците, кој го праша премиерот дали Владата има намера да ја промени одлуката за бројот на советниците во општините по вчерашната одлука на Уставниот суд за спроведување на пописот во 2021 година.

„Често зборувам дека дијаспората е нераскинлив дел од унитарниот карактер на Македонија како држава и затоа ве молам како политичка партија да поддржите една изборна единица во која што ќе овозможите дијаспората да гласа“, рече Мицкоски.

Уставниот суд укина делови од Методологијата за пописот од 2021 година кои се однесуваат на „резидентно“ и „нерезидентно“ население бидејќи оцени дека не се во согласност со темелната вредност на нашиот уставен поредок- владеењето на правото. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести