Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ ПОЗИТИВНО РАСПОЛОЖЕН: Македонија ќе добие позитивна препорака исто како што доби 7 пати во минатото

МИЦКОСКИ ПОЗИТИВНО РАСПОЛОЖЕН: Македонија ќе добие позитивна препорака исто како што доби 7 пати во минатото

Позитивно расположен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој очекува позитивна препорака од Европската Комисија.

Во вчерашното интервју за Република, Мицкоски наведе дека иста таква препорака, Македонија добива од 2006-та година, освен за време на политичката криза.

-Да, очекувам и ние како опозиција придонесуваме на тој план затоа што тоа е од државен интерес. Се очекува Македонија да добие позитивна препорака, каква што добиваше минатите години – од 2006 година седум години по ред, и потоа условена препорака поради политичката криза во која влезе државата. Но, исто така, очекувам и конечно да се додели и датум за преговори. Македонија е дел од Европа и наш интерес е што побрзо да бидеме дел од Европското семејство, во заедницата на рамноправни држави каде најдобро ќе се бориме за нашите државни и национални цели, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести