Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски повторно се сретна со Орбан

Мицкоски повторно се сретна со Орбан

Премиерот Христијан Мицкоски при официјалната посета на Унгарија имаше средба со претседателот на унгарската влада Виктор Орбан пред учеството на конференцијата CPAC – најголемиот светски собир на конзервативци.
„Нашиот разговор беше фокусиран на одличната билатерална соработка помеѓу Македонија и Унгарија, како и на можностите за нејзино натамошно продлабочување. Унгарија е наш искрен пријател, силен поддржувач на македонската европска интеграција и важен стратешки партнер.

Во разговорот нагласив дека Македонија останува цврсто посветена на својот европски пат, на остварувањето на европската перспектива и на зачувувањето на стабилноста во регионот. Изразив благодарност за постојаната поддршка од страна на Унгарија со уверување дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика“, објави Мицкоски.

Како што соопшти владината прес-служба, средбата со Орбан ќе биде фокусирана на билатералните односи меѓу Македонија и Унгарија, со акцент на продлабочувањето на економската соработка, поддршката на евроинтегративниот процес на земјата, како и заедничките предизвици поврзани со енергетиката, миграцијата и регионалната стабилност.


Слично

Поврзани вести