Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Повикот за 120 еко-автобуси ќе биде повторен по локалните избори

Мицкоски: Повикот за 120 еко-автобуси ќе биде повторен по локалните избори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието рече дека повикот за набавка на 120 еколошки автобуси ќе биде повторен по завршувањето на локалните избори.

Пред два дена беше објавено дека е поништен тендерот за набавка на 120 еколошки автобуси кој го распиша Министерството за транспорт и врски. Како што рекоа од Министерството тендерот, тој е поништен затоа што единствената фирма која се пријавила не ги исполнувала потребните услови.

- Се појави една фирма која не ги исполнува условите, тоа е накратко кажаното. Ќе распишеме повторно оглас, но сега поради изборниот процес, тоа ќе го оставиме на пауза, па по завршувањето на локалните избори ќе го стартуваме овој проект, рече Мицкоски во Собранието.

Како што беше најавено пред распишување на тендерот 80 автобуси ќе бидат за ЈСП „Скопје“, а останатите 40 ќе бидат распределени по други градови.

Слично

Поврзани вести