Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски повика на општествена мобилизација на секоја интелектуална сила и поединец

Мицкоски повика на општествена мобилизација на секоја интелектуална сила и поединец

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако е реизбран за лидер на партијата изјави дека постојат наставници кои не се задоволни, пензионери, но и лекари кои сакаат да купат билет во еден правец. 

Вели дека патот напред е тежок и долг. Мицкоски рече дека треба да се обединиме и цигла по цигла да градиме иднина. Најави втора епоха со општествена мобилизација на секоја интелектуална сила и поединец во земјава. 

„Ги повикувам сите оние кои имаат свој став, свое дело, и кои имаат визија, а се чувствуваат поразени, да кажеме дека се обединуваме“, рече Мицкоски. 

Повика да се грижиме еден за друг и да се бориме за Македонија каква што сакаме да ја видиме преку доктрината која ја донесоа. Мицкоски вели дека треба да се намали бројот на невработени на едноцифрена бројка, и секоја година да имаме раст од 4 до 6 отсто. Рече дека целта е да постигнеме стандард како Австрија. 

Од присутни 493 делегати, гласале 492 од кои 489 за Мицкоски. Имало и три неважечки ливчиња.

Слично

Поврзани вести