Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски повика на масовно гласање на еден час пред затворањето на избирачките места

Мицкоски повика на масовно гласање на еден час пред затворањето на избирачките места

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ги повика гласачите масовно да излезат на гласање на еден час пред затворањето на избирачките места во вториот круг од претседателските избори.

„Во последните минути од гласањето сакам да истакнам неколку работи. Колку тие удираат и притискаат ниско, ние ќе ги победиме повисоко. Сега е моментот кога треба да се биде гласен, да се има став и да се казнат оние кои потценуваат, се препелкаат, притискаат и манипулираат. Тие мислат дека управуваат со животите, да им кажеме дека народот управува со државата. Излезете и гласајте за Македонија, за татковината, за вас, вашите најмили, за заедничката иднина. Вие сте сами позади параванот, господар на вашиот глас. Не ја пропуштајте оваа можност да кажете што мислите. Гласајте со чест, која сакаат да ни ја земаат, со достоинство кое пробаа да ни го нарушат, со пркост кој сакаат да ни го стишат. Сега и требате на нашата земја, и требате на Македонија. Не делат милиметри од победа, заеднички да ги изодиме. И по години од сега со гордост заеднички да се потсетуваме, 5 мај беше денот кога народот и го зададе најголемиот удар на власта, и се избори за правда. За Македонија!“, објави Мицкоски на својот профил на „Фејсбук“

Од ВМРО-ДПМНЕ објавија дека денеска биле приведени двајца нивни набљудувачи во општина Чешиново Облешево.

- Станува збор за претседател на општинскиот комитет и поранешен кандидат за пратеник. Поткуп, агитирање и притисоци имаше во Прилеп, Градско, Ново Село, Шуто Оризари, објави Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести