Мицкоски повика Бугарија да не го спори идентитетот, јазикот, македонското малцинство и да не ги кочи преговорите
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево изјави дека донеле заклучок за антифашистичкиот карактер на НОБ и остро се спротивставуваат на промените на Уставот.
Тие се против било каква дискусија околу македонскиот јазик. Бараат почитување на македонското малцинство во Бугарија.
Коалицијата повикува на почитување на македонската историја и нејзината посебност.
„Македонскиот идентитет е неспорен и засебен“, рече Мицкоски.
Предупредија власта да не тргува со националните интереси на кои е изградена македонската модерна држава.
„Бугарија да не ја блокира европската иднина на Македонија, и да покаже вистинско пријателство меѓу двата народи“, порача Мицкоски во име на Коалицијата „За обнова на Македонија“.
Бара од ЕУ партнерите да помогнат земјава да ги почне преговорите.
Мицкоски рече дека деновиве ќе свика лидерска средба со другите опозиционери на која ќе се зборува за иднината на Македонија. Вели дека имаме напластени проблеми.
„Треба да бираме асимилација или евроинтеграција. Ни треба ресет на општеството“, вели Мицкоски.
Предупредува дека ќе има големи последици по сите граѓани кои живеат во Македонија од политиките на власта.
