Мицкоски потврди дека сликите со Груевски се отстранети од партиското седиште
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ потврди дека делата на кои е насликан поранешниот премиер Никола Груевски се отстранети од партиското седиште.
Претседателот на најголемата опозициска партија нагласи дека се отстрануваат и други на чии места се поставуваат ликови и содржини кои оставиле белег низ историјата. Тоа, според лидерот на ВМРО ДПМНЕ, не значи дисконтинуитет од времето на политиките на Груевски бидејќи, како што изјави, партијата е веќе реформирана и обединета.
Во меѓувреме отстранети се сите слики од поранешниот лидер на партијата Никола Груевски во палатата „Христо Татарчев“ кои со години сведочеа за неговите активности и меѓународни средби . Ваквиот потег опозициската партија го оправдува со потребата од нови илустации за нови лица.
