Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски посочи кој прислушкувал во Обвинителството

Мицкоски посочи кој прислушкувал во Обвинителството

Според Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, претходната власт не го прислушкувала Основното јавно обвинителство, туку одговорноста ја префрли на актуелниот лидер на Владата, Зоран Заев.

„Вчера се соопшти скандалозна вест. Обвинителството и судството прислушкувани. Тоа значи дека таму некаде некој кој денес е власт прати порака, судиите и обвинителите ги имаат во рака, со снимани разговори, уценети, им требаат покорни на политичките наредби, додека правдата се заобиколува“, напиша, меѓу другото, Мицкоски и додаде дека Заев е година и пол премиер и ја контролира и централната и локалната власт.

Гласвниот обвинител Љубомир Јовевски вчера објави дека се пронајдени два хард-диска за прислушкување на фикасната телефонија во ОЈО.


Слично

Поврзани вести