Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски поради болест откажа учество на настан

Мицкоски поради болест откажа учество на настан

Поради здравствени причини откажано е учеството на премиерот Христијан Мицкоски и неговото обраќање на македонско-српскиот економски форум во Скопје, соопшти утрово владината прес-служба.

На форумот кој денеска се одржува во хотелот „Александар Палас“, ќе има над 200 компании и најмалку 300 учесници со цел интензивирање на економската соработка.

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и заменик-претседателката на Владата на Република Србија и министерка за економија, Адријана Месаровиќ пред одржувањето на форумот, во Владата ќе потпишат Меморандум за разбирање.

Стоилковиќ и Месаровиќ вчера ги посетија компанијата „Пекабеско“ и винаријата „Камник“, а во изјава за медиумите оценија дека потенцијалот за соработка меѓу двете држави е голем особено во делот на прехранбената индустрија. Тенденција, како што посочија, е да се зголеми размената


Слично

Поврзани вести