Мицкоски: Помина помалку од година, а веќе се чувствува разлика во здравството
„Поминаа помалку од една година, а веќе се чувствува разликата“, рече премиерот Христијан Мицкоски во Собранието во говорот за предлогот Азир Алиу да го оревземе министерството за здравство на местото на Арбен Таравари.
- Започнавме со скрининг програми, ги намаливме листите на чекање, воведовме нови лекови на позитивната листа, а паралелно работиме на законски измени што ќе донесат системски ред. Истовремено се изготвуваат и големи инфраструктурни проекти – изградба и обнова на здравствени установи, но и дигитализација која ќе спречи злоупотреби и ќе овозможи секој пациент да има евиденција, услуга и пристап до системот, рече Мицкоски.
Истовремено за заменик министер за земјоделство е предложен Албрим Хоџа од страна на Мицкоски како предлагач.
