Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Помина година цела, во Парламентот нема 80 пратеници кои ќе го прифатат бугарскиот диктат

Мицкоски: Помина година цела, во Парламентот нема 80 пратеници кои ќе го прифатат бугарскиот диктат

Нема ли членство во ЕУ и заштитен идентитет, тогаш не за уставни измени, диктати не прифаќам по ниту една цена, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Toj во неговото гостување во „За или против“ на Алфа истакна дека без членство во Европската Унија и заштитен идентитет, нема да име уставни измени и потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати диктати по ниту една цена.

„Едно е јасно денеска. Помина година цела, во Парламентот нема 80 пратеници кои ќе го прифатат бугарскиот диктат. Тоа значи дека сега Македонија е заглавена во патот  кон полноправно членство кон ЕУ, нешто што одамна овој народ и држава заслужија, одамна заслужија преговори“, рече Мицкоски.

Мицкоски појасни дека ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија не прифаќа диктати.

„Владата нема да биде одговорна ако не се изгласаат уставните амандмани“, смета вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју во Топ Тема. 

Иако, помина една година од прифаќањето на француската рамка за почеток на преговорите и проширувањето на ЕУ, и дури сега се почнува дијалог за процес за кој знаат дека е потребна опозицијата, Маричиќ вели дека се знае кој е крив.

„Позициите за уставни измени со ВМРО-ДПМНЕ не се толку далечни после лидерската средба, очекуваме дијалогот да продолжи“, рече денеска во интервју за емисијата Аргумент плус на 24 Телевизија, потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.

Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот за да продолжи по европскиот пат. 

Слично

Поврзани вести