Мицкоски: Помалку пари за општините, затоа што повеќето градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот празник Св.Трифун беше гостин кај градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и уште еднаш упати повик до централната власт да одвои повеќе средства за општините во услови на енергетска и економска криза.
„Погледајте ги трансферите и дотациите пред 2022. Секоја година имаше зголемување на дотациите. Една година беа за 34 милиони евра поголеми од претходната. Но тогаш мнозинството од градоначалниците беа од СДСМ.
Во 2021-2022 и покрај екстремно зголемен буџетот, тие се намалија од 316 на 312 милиони евра. Слепо ги следат политиките на „заевизмот“ и се додека ги следат тие политики, ќе губат“, порача Мицкоски.
Тој го повика Ковачевски да обезбеди заедништво и консензус за надворешните политики, а на власта и порача да не се крие од тоа што го работи во преговорите со Бугарија.
