Мицкоски: Полицијата ќе биде „најзначајна алка“
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на својот профил на Фејсбук објави дека кога ќе се промени власта „полицијата же биде најзначајниот дел од алката која ќе мора да донесе правда“
- Се обраќам до припадниците на МВР. Сакале да признаете или не, знам дека ви ги врзаа рацете, да молчите пред криминалците, да ја заобиколувате правдата. Но, ве молам од срце, не прифаќајте притисоци, спротивставете се на сите незаконски постапки на кои ве тераат, не одете против својот народ. Вие сте чесни и честити, знам дека и вас ве изневерија, ве измамија. Нема ништо од новата опрема, од покачувањето на плата, нема ништо од вашите барања. И тоа ќе се смени, ви ветувам.
Морате да имате сигурност која сега ја немате. А по промените вие ќе сте најзначајниот дел од алката која ќе мора да донесе правда, напиша лидерот на најголемата опозициска партија.
Инаку „МВРО-ВМРО“, како што поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска го нарекуваше својот ресор, стана препознатлив наратив по објавувањето на таканаречените „бомби“ кои произлегоа од прислушкуваните материјали кои беа објавувани во јавноста.
