Економија, финансии, бизнис

Контакт

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека консолидирале 61 пратеник. 

„Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник“, изјави денеска Мицкоски.

Тој информира дека разговорите со „Вреди“ се водат во встинска насока.

„Успешно консолидираме 61 пратеник, не можам да кажам детали“, изјави Мицкоски.

Заврши состанокот на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Вреди“ за преговори за формирање коалиција за нова влада што се одржуваше попладнево во седиштете на ВМРО-ДПМНЕ.  Состанокот е позитивно оценет. 

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов пред два дена најави дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, на која од неодамна припаѓа и неговата партија, наскоро ќе обезбеди вкупно 63-64 пратеници. 

Слично

Поврзани вести