МИЦКОСКИ: Покажавме европско, скандинавско управување со општините
Скандинавски управуваме со општините, вели премиерот Христијан Мицкоски. Добар дел од градоначалниците можат да се тркаат и за втор мандат.
„Покажавме европско, скандинавско управување со општините на локално ниво и покажуваме овие година дена на централно ниво дека можело во Македонија да се менаџираат институциите без афери кои што ќе значат криминал, корупција, злоупотреба“, вели премиерот.
Најголемиот дел од градоначалниците, односно 42 се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ или Коалицијата и како што вели, нема ниту едно основано сомневање за сторен криминал, корупција или сторена злоупотреба.
„Покажавме и докажавме дека можеме многу подобро да ги управуваме институциите и општините од многу европски земји и голем број од нив се дел од Европската Унија“, изјави Мицкоски.
Наскоро ќе се знае со кои кадри партијата ќе ја бара довербата на локалните избори.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
