Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски побара пописот да се одложи за една година

Мицкоски побара пописот да се одложи за една година

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, побара одложување на пописот во 2022 се додека не се набават читачите на отпечатоците на прсти. Според лидерот на најголемата опозициска партија, оваа статистичка операција е сепак политичка, затоа што, како што вели, на крајот со врзан потпис треба да ја одобрат и премиерот Зоран Заев и првиот вицепремиер Артан Груби.

-Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага прво, да го одложиме за една година. Имаме време до 2022 година, како што направи Германија е сосема доволна бидејќи немаме избори. Второ, бараме веднаш ако е статистичка операција да се тргнат двата врзани потписа затоа што еве јас ви гарантирам дека тие потписи значат политичка операција. Трето, за да докажеме кој е резидент бидејќи согласно Еуростат вие попишувате резиденти мора да бидат применети читачите на отпечатоци на прсти или т.н. фингерпринти кои согласно новиот Изборен законик се предвидени да бидат дел од следните локални избори во октомври 2021. Значи не е дополнителен трошок тие терминали секако мора да бидат набавени, а така ќе знаеме кои се присутни кои се отсутни, рече Мицкоски во интервју за „Нетпрес“.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека нема да го признае и да го почитува потписот доколку истиот се реализира според актуелниот предлог-закон.


Слично

Поврзани вести