Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски побара поддршка од симпатизерите на „Левица“ во вториот круг од локалните избори

Мицкоски побара поддршка од симпатизерите на „Левица“ во вториот круг од локалните избори

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, побара од симпатизерите на „Левица“ да ја поддржат неговата партија онаму каде што нивната нема да има свој кандидат во вториот круг од локалните избори во октомври.

– Жалам што раководството на Левица не ја препозна шансата за обединување против Заев, ги повикувам нејзините гласачи да ги поддржат кандидатите на опозицијата таму каде Левица не одат со свои кандидати, а јас ќе повикам во вториот круг таму каде нема да имаме свои, да се поддржат кандидатите на Левица – рече Мицкоски синоќа во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.

Претседателот на најголемата опозициска партија претходно беше одбиен од Димитар Апасиев, претседателот на „Левица“, за формирање на заеднички опозициски блок.

Зачуден сум, кажа Мицкоски, како не ја гледаат крајната цел, а тоа е да се направи поширок опозициски блок.




Слично

Поврзани вести