Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски побара Датум за преговори за Македонија во Берлин

Мицкоски побара Датум за преговори за Македонија во Берлин

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во Берлин побара Датум за преговори за Македонија од Европската унија. Претседателот на најголемата опозициска партија заедно со членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, учествуваше на програмската конференција организирана од фондацијата Конрад Аденауер и владеачката партија ЦДУ.

Ова Мицкоски го побарал во германското Министерство за надворешни работи, каде остварил средба со Христијан Хелбах, специјален претставник за Југоисточна Европа.

„На средбата разговаравме за политичко економската ситуација и за европските интеграции на земјава. Го повторив својот став дека граѓаните не заслужуваат да бидат казнети поради неисполнувањето на реформите, корупцијата и криминалот стимулирани од Владата, и во насока на зацврстување на европската иднина на земјава потребно е да се додели датум за преговори. Посочив дека државата и граѓаните не смеат да бидат заложници на штетните политики на премиерот Заев и неговата Влада“, напиша Мицкоски на својот профил на „Фејсбук“.


Слично

Поврзани вести