Мицкоски побара да се порази Заевизмот за да Македонија опстои и тргне напред
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Гостивар побара поддршка од граѓаните, на избори да се казнат политиките на Владата на премиерот, Зоран Заев.
„21-ви април не е само датум кога ќе се одржи првиот круг од претседателските избори, туку и датум кога се одлучува за иднината на Македонија. Датум кога граѓаните ќе го имаат мандатот да одлучат по кој пат ќе тргнеме. Има две опции, или ќе се одобри оваа политичка и економска капитулација на актуелната власт, или ќе се порази Заевизмот за да Македонија опстои и тргне напред“, пишува Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Тој ги предупреди граѓаните за лошата економска политика која се води и за според него, поразителните бројки кои денеска беа презентирани од Владата.
Слично
