Мицкоски: По завршувањето на мандатот се враќам како професор на факултет
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на државата во 2029 година и дека по завршувањето на мандатот планира да се врати на факултет.
Изјавата ја даде во контекст на разговорите за новиот Изборен законик, при што рече дека се шират шпекулации оти предлогот на ВМРО-ДПМНЕ дијаспората да гласа по електронски пат бил поврзан со негова наводна претседателска кандидатура.
– Еве да им олеснам, нема да се кандидирам. Кога ќе ми заврши мандатот како претседател на Владата, се враќам на факултет меѓу студентите. Немам таква амбиција, ниту желба. Само нека овозможат дијаспората да го оствари своето право на глас по електронски пат почнувајќи од следните претседателски избори – изјави Мицкоски.
