Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски по трет пат во Вашингтон за седум месеци

Мицкоски по трет пат во Вашингтон за седум месеци

Од денеска премиерот Христијан Мицкоски ќе предводи владина делегација на Минхенската безбедносна конференција, а потоа директоно ќе отпатува за Вашнингтон каде втор пат за кус период ќе учествува на настан на Американската конзервативна партија, поточно ЦПАЦ, што е најголем собир на конзервативците, додаваат од Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски тргнува во речиси целонеделна дипломатска офанзива во Минхен, Германија, и во Вашингтон, САД, соопшти Владата.

Минатата година Мицкоски во јули за прв пат како премиерот учествуваше на Самитот на САД во Вашингтон, а на истото место минатиот месец беше на инаугурацијата на новоименуваниот американски претседател ДОналд Трамп.

Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани од денес и во наредните неколку дена ќе присуствува во Германија на Минхенската безбедносна конференција.

Не е извесно дали по ова прашање ќе се реализира средба и со претставници  на Бугарија,  со оглед дека е најавено присуството на бугарскиот претседател  Румен Радев  и на бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев.

Прашан за  можноста за средба со претставници на новата бугарска влада,  Мицкоски пред неколку дена изјави дека не се остварени контакти.

„Очекувам сега на маргините на Безбедносната конференција во Минхен, министерот за надворешни работи да оствари средба со неговиот колега од бугарската Влада, но се уште нема потврда за такво нешто. Доколку се случи, се разбира, јавноста ќе биде информирана“, рече Мицкоски.



Слично

Поврзани вести