Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Mицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи попладнево објави за што разговарале со претседателката на Европската Комисија(ЕК), Урсула фон дер Лајен. 

„Денес во просториите на Владата, остварив средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамки на нејзината балканска турнеја. На средбата се разговараше за европската перспектива, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација. Ја истакнав решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата преку конкретни резултати и исполнување на европските стандарди. Посочив дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности“, пишува Мицкоски.

Посетата на претседателката на Европската комисија претставува потврда на отворениот дијалог и заемната подготвеност за продлабочување на партнерството, во интерес на стабилноста, економскиот развој и европската иднина на земјата.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести