Мицкоски по операцијата, на стадион ја прослави победата на Македонија
По операцијата на масното ткиво во четвртокот, Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се појави во јавност, прославувајќи ја во живо победата на фудбалската репрезентација на Македонија против Исланд и историскиот пласман како второпласирана селекција во баражот.
Заедно со синот Јован натпреварот го проследи од трибините на Националната арена Тодор Проески.
-Љубовта кон фудбалот и црвено жолтата се стекнува, но и пренесува од татко на син. Со Јован гледаме врвен фудбал среде Скопје. Честитки до фудбалерите кои со срце на терен се изборија за Македонија! Ова е ваша победа за нашата заедничка Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Во четвртокот Мицкоски имаше лесна хируршка интервенција која беше закажана пред кампањата, ја тој објави дека ја одолговлекувал поради кампањата. Операцијата следуваше истиот ден откако опозицискиот блок кој го предводеше не успеа да изгласа недоверба на Владата.
Слично
