Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски по еден месец уште не остварил контакт со новата бугарска влада

Мицкоски по еден месец уште не остварил контакт со новата бугарска влада

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, како одговор на новинарско прашање, рече дека се уште не остварил контакт со новата бугарска влада, односно со премиерот Росен Жељасков.

Бугарија на 16 јануари со гласање во бугарскиот парламент по подолго време доби нова редовна политичка влада, по што се очекуваше Скопје и Софија повторно да воспостават преговори за олеснување на евроинтеграциите на Македонија. Претходно македонската влада често споменуваше дека основен услов за деблокирање на евроинтеграциите е формирање на редовна влада и надминување на изборната криза во Бугарија.

- Немаме остварено контакти со новата бугарска влада, но очекувам на маргините на безбедносната конференција во Минхен министерот за надворешни работи да оствари средба со неговиот колега од бугарската страна. Но засега нема потврда за такво нешѓто и јавноста ќе биде навремено информирана ако има, рече Мицкоски.

Слично

Поврзани вести