Мицкоски: Планирам да се сретнам со родителите од Кочани
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Штип рече дека планира да се сретне со родителите на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани, како одговор на прашањето дали владата планира да им помогне на засегнатите семејства.
„Јас сум континуирано запознаен и континуирано ја следам состојбата. Членови од мојот Кабинет секоја недела на редовна основа разговараат со родителите
Ќе разговарам лично со родителите - и на повредените и со тие кои трагично ги загубија најмилите. Ние на дневна основа разговараме со сите кои се поврзани со трагедијата во Кочани. Цела Македонија болува и се уште болува. Тоа не е болка која ќе престане. Но мораме да се соочиме со тоа, свесен сум дека ќе има и структури кои лешинарски ќе се обидат да соберат некои политички поени, но и тоа е начин на политичко делување. Важно е ние да сме трпеливи и да ги решаваме проблемите, а понатаму граѓаните да бидат тие што ќе судат“, порача премиерот.
Мицкоски, во однос на тоа до каде е истрагата за пожарот во „Пулс“, додаде дека Обвинителството е тоа кое ја води и одлучува за понатамошни постапки.
