Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Пекер во своето видео признава дека се сретнал со Заев

Мицкоски: Пекер во своето видео признава дека се сретнал со Заев

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, објави видео во кое тврди дека Седат Пекер, кој во Турција го претставуваат како лидер на голема криминална организација, на турски јазик тврди дека се сретнал со премиерот на државата и со други политички лидери.

Пекер е актуелен изминатиот период во турција затоа што на своите социјални мрежи преку видеопораки се пресметува со турската држава која има распишано потерница по него. Тој е дел од актуелната афера во Македонија, „Мафија“, која се однесува на издавање документи (пасоши и лични карти) со лажни идентитети на водачи на разни криминални групи во регионот.

Во едно од видеата, Пекер наводно зборува за тоа дека бил пријател со македонскиот премиер Зоран Заев и со лидерите на сите политички партии во Македонија. Исто така, вели дека бил депортиран само затоа што визата за престој во Македонија му истекла. Засега, меѓутоа, не потврдува дека има македонска исправа.

„Ако некому не беше јасно зошто обичните службеници осудени во аферата "Мафија" се обично топовско месо со симболични казни, превземајќи ја вината од плеќите на одговорните во МВР?

Зошто се судени само за злоупотреба на службената должност и членот 353, а не за фалсификување патни исправи, не за злосторничко здружување и никој не прави финансиска истрага?

Одговорот на сето ова следи во видеото, Седат Пекер вели дека се среќавал со премиерот Заев кај него дома. Целосно расветлување ќе има, исто како и одговорност за сите инволвирани од власта, веднаш по паѓањето на оваа мафијашка влада“, напиша Мицкоски.


Слично

Поврзани вести