Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски означи почеток на изградбата на Универзална сала во Скопје

Мицкоски означи почеток на изградбата на Универзална сала во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за култура Зоран Љутков означија почеток на изградбата на Универзална сала во центарот на Скопје.

„Очекувам во рамките на рокот да биде завршен овој објект бидејќи проектот „Европска престолнина на културата“ после сите оние застои во минатото, конечно добива некаква динамика, а мораме до 2028 комплетно да ги затвориме сите објекти. Така што еден од тие објекти е и овој позади нас“, рече Мицкоски.

Љутков истакна дека станува збор за објект кој претставува значаен споменик на културата и традицијата, кој треба да биде завршен до крајот на 2027 година, а ќе биде дел и од програмските подготовки поврзани со Европската престолнина на културата 2028. Појасни дека во изминатиот период процесот бил забавен поради правни и административни нејаснотии, како и поради поделено стопанисување меѓу Град Скопје и Министерството за култура во минатото.

„Во моментот кога ги надминавме сите пречки, продолживме со постапката. Министерството за култура и туризам, преку Владата, е инвеститор на проектот по принцип ‘клуч на рака’. Во минатото проектот беше поделен во фази, а сега се реализира како целина“, изјави Љутков.

Слично

Поврзани вести