Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Овие есперанто политичари да не прифаќаат ултиматуми

Мицкоски: Овие есперанто политичари да не прифаќаат ултиматуми

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски вечерва во вонредното обраќање изјави дека oна што тој го кажа претходно, дека Бугарија бара анекс на Договорот за добрососедство се потврди денеска. 

Вели дека за ова тој предупредувал. Ќе бара обединување затоа што со корените и историските факти нема преговарање. 

„Ги повикувам овие есперанто политичари да не прифаќаат ултиматуми“, рече Мицкоски. 

Кажа дека доколку тоа го направат, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поништи. 

Власта ја предупреди да не си игра со чувставата на граѓаните и македонската нација. 

Слично

Поврзани вести